Манчестер Јунајтед купува нов стопер од Португалија

Манчестер Јунајтед купува нов стопер од Португалија

пред 2 години

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед ова лето ќе прави комплетна реконструкција на тимот, а би можел да пазари во Португалија. „Црвените ѓаволи“ се заинтересирани за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало Инасио.

20-годишниот стопер игра одлична сезона во португалскиот шампионат и го привлече вниманието кон себе. Новиот менаџер Ерик тен Хаг смета дека тој би бил големо засилување и го одобрил трансферот на играчот.

Инасио има откупна клаузула во договорот вредна 45 милиони евра, досега има 66 натпревари и седум гола во дресот на Спортинг Лисабон. Централниот дефанзивец ги помина сите младински репрезентации на Португалија и треба да биде замена за Хари Мегваер.

Share
Scroll to Top