Foto/ EPA
Копенхаген и Наполи се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите. Најголеми губитници од вечерашните натпревари се Манчестер јунајтед и Салцбург.
Данскиот шампион успеа да заврши на второто место во Б групата. Зад себе ги остави фаворизираните Галатасарај и Манчестер јунајтед.
Копенхаген го доби дуелот со директниот конкурент Галатасарај. Стрелец на единствениот гол беше Лерагер во 58.минута.
Со ист резултат Баерн победи на „Олд Трафорд“ и само ја продолжи мизеријата на Манчестер јунајтед. Победата на Баварците им ја донесе Коман во 71.минута.
Во Ц групата, Реал ја забележа и шестата победа. Во Берлин славеше над Унион со 3:2, со голот на Себаљос во 89.минута. Два гола за Реал постигна Хоселу,а Модриќ при резултат 0:0 промаши пенал. За Унион головите ги постигнаа Фоланд и Крал.
Наполи ја победи Брага со 2:0, Елиф Елмас влезе на тереноот во 60.минута. Саци во деветтата минута си постигна авто гол, а во 33. стрелц беше и Осимен.
Д групата ја освои Реал Сосиедад, откако вечерва одигра 0:0 кај вицепрвакот на Еворпа, Интер.
Драматично беше во Салцбург, во дуелот за третата позиција. Бенфика го победи Салцбург со 3:1 и ќе продолжи во Лига Европа. Херој на Бенфика е Кабрал кој потигна гол во 93.минута. Претходно Ди Марија во 32.минута постигна гол од корнер, а Рафа СИлва зголеми на 0:2 во 45.минута. Единствениот гол за Салцбург е дело на Сучиќ.
Пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите обезбедија:
Арсенал
Баерн
Манчестер сити
Реал Мадрид
Атлетико Мадрид
Барселона
Борусија Дортмунд
Интер
Лацио
РБ Лајпциг
ПСВ
Реал Сосиедад
Наполи
Копенхаген