Агелер: Кога САД го ставија Мерко на црната листа, во Македонија никој не побара докази за да се отвори постапка

Агелер: Кога САД го ставија Мерко на црната листа, во Македонија никој не побара докази за да се отвори постапка

пред 1 година

Од јуни годинава, кога САД го ставија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа, ниту еден македонски правосуден орган или институција не се обрати до САД за да побара споделување на доказите, со цел да се отвори постапка и во земјата за лицата кои се на листата.

Ова го истакна американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер.

Амбасадорката пред новинарите рече дека во Северна Македонија има епидемија на корупцијата, и таа е присутна е во сите пори на општеството, особено во изминатите десет години.

„Само со именување на корумпираните актери ние можеме да помогнеме“, рече Агелер, но посочи дека по секое објавено ново име на т.н. „црна листа“, изостанува реакција кај судската и извршната власт.

За впишувањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на црната листа на САД, Анелер рече дека одлуката подлежи на цврсти докази дека тој бил вмешан во коруптивни активности во повеќе случаи.

Агелер вели дека тоа што Анѓушев ќе се жали на одлуката, нема ништо да смени.

Текстот Агелер: Кога САД го ставија Мерко на црната листа, во Македонија никој не побара докази за да се отвори постапка е превземен од МАКФАКС.