(Видео) Претседателот на Истанбул ја повлече екипата од теренот, прекинат натпреварот со Трабзон

(Видео) Претседателот на Истанбул ја повлече екипата од теренот, прекинат натпреварот со Трабзон

пред 9 месеци

Нов скандал го стресе турскиот фудбал. Две недели по инцидентот по натпреварот Анкарагучу-Ризеспор (1:1), кога претседателот на Анкарагучу го нокаутираше главниот судија, вечерва во Истанбул, претседателот на клубот во 70.минута им нареди на фудбалерите да го напуштат теренот.

Истанбул го пречека Трабзон, а првиот човек на клубот во второто полувреме незадоволен од арбитражата на натпреварот. Во тој момент резултатот беше 1:2, а спорен беше моментот во 67.минута кога домашните бараа пенал но не го добија. Веднаш во сладниот напад Трабзон постигна гол за 1:2.

Инаку, Трабзон дојде во предност преку Трезеге во 11.минута, израмни Сарикаја во 39.минута. Голот за водство на гостите во 68.минута го постигна Онуачу.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди, за кого се појави информација дека ќе биде ставен на трансфер листата, на теренот влезе во 66.минута.

Share
Scroll to Top