(Видео) Божиќниот подарок на Викторија за Дејвид Бекам ги насмеа луѓето, му подари кокошки

(Видео) Божиќниот подарок на Викторија за Дејвид Бекам ги насмеа луѓето, му подари кокошки

пред 9 месеци

Нивната љубовна приказна трае повеќе од 24 години и тие се еден од најхармоничните парови во светот.

Кога станува збор за оригинален подарок за нејзиниот сопруг за Божиќ, Викторија Бекам дефинитивно е победник, бидејќи на својот љубов Дејвид Бекам, верувале или не, му подарила кокошарник и неколку кокошки.

 

Познатиот фудбалер доби одличен подарок од сопругата кој секако не го очекуваше, а видеото на кое ги храни новите пердувести миленичиња Викторија го објави на Инстаграм и предизвика големи реакции.

„Што да му подарите на Дејвид за Божиќ?“, се пошегува Викторија во описот, а потоа додаде емотикон за пилешко. Во коментарите и порачаа дека има одлична смисла за хумор и дека започнала нов тренд на подарување.

Share
Scroll to Top