Тридневниот новогодишен карван стартуваше од Драчево, финализира во Расадник

Тридневниот новогодишен карван стартуваше од Драчево, финализира во Расадник

пред 9 месеци

Дедо Мраз со својата кочија придружуван од голем број распеани дечиња утрово го започна своето Новогодишно патување низ општина Кисела Вода. Првата станица му беше Паркот на бранителите, а потоа се дружеше со дечињата кои ги сретна низ улиците во Драчево, како и во градинките каде дечињата добија пакетчиња.

Финалната дестинација за денес му беше во градинката Пеперутка, каде со песна и приредба го пречекаа огромен број на дечиња. Настанот кој е во организација на Општина Кисела Вода продолжува утре во повеќе населби од централниот дел на општината. Започнува пред Домот на култура “Билјана Беличанец”, поминува низ улиците, парковите, градинките и училиштата. Финалето од тридневниот Новогодишен карван ќе се одвива во паркот во Расадник. Во петок, на 29 декември, во 12 часот големиот хепенинг почнува со детска претстава, а во 12:40 со свој концерт ќе настапат „Поточиња“.

Во 13:30 публиката ќе ја забавуваат Сара Мејс и „Данса Латина Стефи“ со заеднички настап, а во 13:45 е закажан настапот на Пајак и Лара.

На крајот од хепенингот, Дедо Мраз ќе подели пакетчиња за сите деца.

Настанот има хуманитарен карактер. На штандовите поставени во паркот ќе се продаваат новогодишни изработки, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за лекување на младиот Леонид Индов кој настрада во несреќен случај.

Share
Scroll to Top