Неверојатно, но вистинито, Бјоргвин Густафсон, репрезентативецот на Исланд ќе се кандидира за претседател.
За да го направи тоа искусниот голман треба да исполнува само два услови – да има над 35 години и да е државјанин на Исланд.
Како што истакнаа медиумите во Исланд, Густавсон би можел да биде еден од кандидатите на јунските избори, а неколку дена пред заминувањето на ЕП, голманот на Валура изјавил:
„Има уште време, немам донесено никаква одлука“.
Одличниот голман е дел од славната исландска генерација која освои олимписко сребро во Пекинг 2010 година и бронза на ЕП 2010 во Виена, бранеше осум години во Германија, а потоа и во Данска.