(Видео) Циркус од тајм-аут, селекторот Шола се збуни кога му стана јасно дека нема двајца пивоти

(Видео) Циркус од тајм-аут, селекторот Шола се збуни кога му стана јасно дека нема двајца пивоти

пред 11 месеци

Црна Гора со пораз го започна настапот на 16. Европско првенство во ракомет. Црногоците, во Ц групата, запишаа пораз од Унгарија 24:26.

Интересен и неизвесен меч одиграа овие две репрезентации, при резултат 24:25, црногорскиот селектор Владо Шола побара минута одмор за да го организира последниот напад на својот тим.

Прашање е како се ќе завршеше доколу поранешниот голман на Хрватска, беше малку посериозен. Планот му беше неговата репрезентација да игра 7 на 6, а откако ја нацрта акцијата му стана јасно дека едното кружен напаѓач, Вук Лазовиќ, беше исклучен во 42.минута.

„Седум на шест, два кружни напажачи, може така? А ние не имајте уште еден пивот. За**и што ќе играме“, рече Шола.

Тогаш еден од црногорските претставници зеде збор и рече:

„Југо играј, ти се држиш во четворката. Јас ќе вкрстам. Ако немам ништо, фрлам цепелинот“, рече тој, а најдобар од се е изразот на лицето на тренерот кој гледаше и го слушаше.

На крјот Црна Гора лошо го одигра нападот, а Унгарците постигнаа уште еден гол.

Share
Scroll to Top