ПСЖ заинтересирани за Бруно Гимараеш

ПСЖ заинтересирани за Бруно Гимараеш

пред 4 месеци

Бруно Гимараеш, 26-годишниот играч за врска на Њукасл и бразилската репрезентација е голема желба на Пари Сен Жермен во овој преоден рок.

Бразилецот е под договор со англискиот клуб до летото 2028 година.

Во договорот има клаузула според која тој може предвреме да го напушти клубот доколку се најде некој подготвен да плати 115 милиони евра.

Бруно Гимараеш во Њукасл пристигна пред 18 месеци, од Олимпик Лион. „Страчките“ за него платија 50 милиони евра.

Share
Scroll to Top