Подобри услови за вадење на документи кај нас имаа 215 белосветски криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките недостасуваат лекови

пред 12 месеци

Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките редовно недостасуваат лекови, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Од ветување за бесплатно здравство од власта, до отворање на број за донации за лекување речиси секој 3-ти ден, затоа што Фондот не го покрива лекувањето на пациентите. Со СДС и ДУИ народот е оставен на солидарноста помеѓу себе, власта не прави ништо да му помогне. Редовно недостасуваат и лекови по клиниките. Чести се недостатоците на инсулин. Пациентите често се принудени основни работи за апликација на одреден лек во клинички услови да купуваат сами. За пациентите со ретки болести, власта заборава во целост, тие се оставени да се мачат. Пациентите болни од цистична фиброза со месеци молеа за Трикафта, за на крај повторно да не добијат сите. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, пишиува опозицијата.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Над 100 наши сограѓани годишно собираат пари за лекување, на клиниките недостасуваат лекови е превземен од МАКФАКС.

Share