Казнети 306 лица за неносење маска

пред 3 години

Полицијата вчера казнила 306 лица за неносење маска.

„Во текот на изминатото деноноќие (08/09.11.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 306 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.

Share
Scroll to Top