Постигнат договор меѓу Хамас и Израел за ослободување на заложниците

Наставник по историја во Израел објавил статус со поддршка за Палестина: добил отказ, па веднаш го уапсиле и сега е во затворска самица

пред 12 месеци

Еврејскиот наставник по историја кој на Фејсбук изрази ужас од глетката на израелската армија која убива палестински цивили во Газа, доби отказ.

Меир Баручин беше сменет во израелската општина Петах Тиквах, а подоцна беше уапсен и ставен во самица во затвор со висок степен на обезбедување.

„Пораката е кристално јасна – молчете и бидете внимателни“, изјави тој за „Гардијан“.

Баручин е еден од низата слични случаи, кои се зголемија по промената на повоениот закон што им дозволува на израелската влада и безбедносните сили да ја скратат секоја поддршка за Палестинците преку Интернет.

Текстот Наставник по историја во Израел објавил статус со поддршка за Палестина: добил отказ, па веднаш го уапсиле и сега е во затворска самица е превземен од МАКФАКС.