Си го убил братот, му нанел две убодни рани во стомакот: ужас во Хрватска

Си го убил братот, му нанел две убодни рани во стомакот: ужас во Хрватска

пред 2 години

Доцна синоќа, се случи убиство во населбата Боровци во општина Кула Норинска. Маж го убил својот брат.

Полицијата го соопшти инцидентот утрово.

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција на полициската управа Дубровник-Неретва и Полициската станица Метковиќ завршија кривична истрага со која беше утврдено основано сомнение дека 46-годишен маж сторил кривично дело убиство на штета на 51-годишник, со кој има блиски семејни врски“, пишува полицијата.

„Осомничениот уби 51-годишен маж со ладно оружје нанесувајќи му две убодни рани во стомакот“, се додава.

„Во конкретниот случај полицијата постапила по добиената дојава и на местото на настанот е пронајден 46-годишен осомничен, кој е приведен и донесен во полициските простории за кривична истрага. По наредба на Жупаниското државно правобранителство, телото на починатиот е пренесено во Одделот за патологија на дубровничката болница, каде што ќе биде извршена обдукцијата“, се вели во соопштението.

Текстот Си го убил братот, му нанел две убодни рани во стомакот: ужас во Хрватска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top