Велика Британија под влијание на бурата „Иша“: ветер носи се пред себе, опасност од торнада, 70.000 згради без струја

Велика Британија под влијание на бурата „Иша“: ветер носи се пред себе, опасност од торнада, 70.000 згради без струја

пред 12 месеци

Британската метеоролошка служба издаде предупредувања за бурата Иша со налети до 160 километри на час, што го загрозува животот во крајбрежните области.

Во предупредувањето се наведува дека тешките временски услови предизвикани од бурата Иша ќе предизвикаат прекини во сообраќајот и патувањето низ целата земја, пишува Гардијан. Претходно беше издадено предупредување за торнадо за Северна Ирска, како и за делови од Шкотска и северна Англија, кое истече во неделата доцна навечер. Околу 70.000 згради останаа без струја.

Метеоролошката канцеларија издаде две жолти предупредувања за ветер и црвено предупредување за временските услови за делови од северна Шкотска до раните утрински часови, додека железничкиот, поморскиот и воздушниот сообраќај се соочија со прекини, суспензии, откажувања и одложувања на бројни услуги.

Во Белфаст едно лице било удрено од дел од урната зграда откако поради ветерот се поместило градежното скеле, но интервенирале итните служби и му помогнале на повредениот на лице место.

Текстот Велика Британија под влијание на бурата „Иша“: ветер носи се пред себе, опасност од торнада, 70.000 згради без струја е превземен од МАКФАКС.