Израелскиот министер Гвир: „Запирањето на војната е еднакво на кршење на владата“

Евакуирани последните тројца македонски државјани од Газа, претходно не сакале да си заминат

пред 1 година

Во текот на изминатите 24 часа и последните тројца наши граѓани, мајка сo две деца, се евакуирани и со тоа се заокружува бројот на нашите граѓани кои ги имаат контактирано нашите дипломатски конзуларни претставништва во Каиро и Тел Авив со намера да им се обезбеди асистенција при евакуацијата.

Од Министерството за надворешни работи велат дека мајката и децата, претходно, по сопствен избор останале во Газа, на нивно барање.

По привремено вдомување во Каиро, семејството ќе биде упатено кон дома, велат од МНР.

Министерството упати благодарност до канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) за нивната асистенција при трансферот на нашите државјани од египетскиот главен град Каиро до Скопје.

Министерството потсетува на нашите контакти за пријава на евентуални наши државјани во Газа. СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +201033615542

Текстот Евакуирани последните тројца македонски државјани од Газа, претходно не сакале да си заминат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top