Во Швајцарија нови 17.440 заболени и 37 починати од Ковид-19

пред 3 години

Бројот на нови случаи на коронавирус во Швајцарија за време на викендот се зголеми за 17.440, покажуваат денеска објавените податоци на здравствените власти.

Во Швајцарија и во соседен Лихтенштајн од поечтокот на пандемијата заразени се 121.093 луѓе. Починале уште 37 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 1.914.

Швајцарската влада разгледува воведување на поостри мерки за да го забави ширењето на коронавирусот.

Министерот за здравство рекол дека новите рестриктивни мерки, кои ќе бидат објавени во среда, најверојатно ќе бидат на сила подолг временски период.

Share
Scroll to Top