Бергвал пристигна во Барселона

Бергвал пристигна во Барселона

пред 11 месеци

Лукас Бергвал е на чекор до потпис на договор со Барселона.

Бергвал, сè уште е фудбалер на шведски Ѓургарден, денеска е забележан во Барселона, во друштво на спортскиот директор Деко.

И да потпише договор тој во вториот дел од сезоната нема да игра за Барселона.

Идејата е 17-годишниот фудбалер сега да го потпише договорот, но дури од јули да и се приклучи на Барселона Б, а истовремено да може да игра и за првиот тим.

Барселона беше принудена да го донесе сега бидејќи за него интерес покажаа неколку клубови.

Сериозен интерес за него покажаа Тотенхем, Милан и Ајнтрахт Франкфурт.

Share
Scroll to Top