Обид за убиство на турски бизнисмен во Истанбул: напаѓачите го застрелале возачот во глава, па избегале со мотори

Обид за убиство на турски бизнисмен во Истанбул: напаѓачите го застрелале возачот во глава, па избегале со мотори

пред 12 месеци

Во Истанбул денеска е извршен вооружен напад врз автомобилот во кој се наоѓал турскиот бизнисмен Хакан Џенгиз и неговата сопруга Зехра Џенгиз.

Семејството Џенгиз не е повредено, а нивниот возач бил застрелан во главата и пренесен во болница.

Обидот за атентат се случил денеска додека бизнисменот и неговата сопруга се движеле со автомобил управуван од нивниот возач, кога лица со мотори се доближиле до возилото.

Напаѓачите испукале четири куршуми кон возилото и го застрелале возачот во главата, а потоа избегале со мотори. Автомобилот во кој се наоѓал турскиот бизнисмен потоа излегол од контрола и удрил во возилата кои се движеле пред него.

По обидот за убиството на местото се испратени бројни полициски и медицински екипи.

Текстот Обид за убиство на турски бизнисмен во Истанбул: напаѓачите го застрелале возачот во глава, па избегале со мотори е превземен од МАКФАКС.