Властите во Норвешка предупредија дека земјата би можела да биде погодена од најмоќното невреме во последните три децении и ги повикаа луѓето да останат дома.
Невремето, наречено Ингун од норвешките метеоролози, се очекува да ја погоди централна Норвешка денеска околу пладне, а утре да се пресели на север.
Се очекува ураганските ветрови да достигнат брзина од 126 до 180 километри на час, соопшти локалната полиција.
Авиокомпаниите и фериботите предвидуваат дека ќе има прекини во нивниот сообраќај.
Властите објавија црвен аларм, највисоко ниво, за областа околу градот Трондхајм, како и островите Лофотен, северно по должината на брегот на Арктикот.
Се очекува бурата да ја погоди оваа област како и новогодишниот ураган од 1992 година, кој беше една од најсилните бури во историјата на Норвешка, пренесува АП повикувајќи се на весникот ВГ.
Текстот Норвешка се подготвува за најголемата бура во последните 30 години: властите издадоа црвено предупредување од највисоко ниво е превземен од МАКФАКС.