Сопругата на Коби Брајант, Ванеса направи нова тетоважа која засекогаш ќе ги потсетува на починатиот НБА кошаркар и нејзината ќерка кои годинава загинаа во хеликоптерска несреќа.
Нејзини пријатели велат дека на тој начин, таа им одговори на сите кои ширеа шпекулации и невистини дека пред пет години, таа го изневерила Коби со негов поранешен соиграч.
„Моето семејство засекогаш заедно“, и пишува на Ванеса на нејзиното стапало. Таа и јавно му се заблагодари на тату мајсторот.
Претходно таа направи тетоважа и на нејзиниот врат и зглоб на раката. Таа ги има тетовирала имињата на сопругот и сите нејзини ќерки, починатата Џиана, тригодишната Бијанка, 17 годишната Натали и едногодишната Капри.
Коби Брајант заедно со неговата ќерка Џиана, годинава загинаа во хеликоптерска несреќа. Во јавноста претходно се ширеа голем број шпекулации за тоа дека и Коби не и бил верен на сопругата, но и дека и таа го изневерила со негов поранешен соиграч.