Покетино тврди дека ја има поддршката од клупските челници

Покетино тврди дека ја има поддршката од клупските челници

пред 11 месеци

Тренерот на Челси, Маурисио Покетино, изјави дека добил пораки за поддршка од клупските челници по незадоволството на навивачите од нивната игра, објави денеска Би-би-си.

Челзи во претходните две кола беше убедливо поразен од Ливерпул и Вулверхемптон и моментално е 11. на табелата, што предизвика големо незадоволство кај навивачите.

„Добив пораки за поддршка од сопствениците, секојдневно сум во контакт со нив и со спортскиот директор“, изјави Покетино.

Аргентинецот вели дека само со макотрпна заедничка работа тимот ќе излезе од кризата.

Челзи потроши повеќе од една милијарда фунти на трансфери откако новиот сопственик Тод Боли го презеде во мај 2022 година и забележа само девет победи оваа сезона.

„Навивачите треба да видат дека навистина се грижиме за клубот. Им ветувам на навивачите дека играчите ќе имаат желба за победа“, изјави Аргентинецот.

За време на натпреварот против Вулверхемптон, сопругата на стоперот Тиаго Силва, Бел Силва, на Твитер напиша „Време е за промена. Ако почекате ќе биде предоцна“, алудирајќи на заминувањето на Покетино.

Маурицио рече дека денес Тиаго дошол да разговара со него за тоа.

„Разговаравме и не сакам да го откријам што си кажавме. Имам одличен однос со Силва“, изјави тренерот на тимот од Лондон.

Челзи во среда ја пречекува Астон Вила во реваншот од ФА Купот, додека викендот ќе гостува кај Кристал Палас во 24. коло од Премиер лигата.

Share
Scroll to Top