Дешам: Килијан знае дека играше лошо

Дешам: Килијан знае дека играше лошо

пред 3 години

Светскиот првак Франција киксираше во првиот квалификациски меч за пласман на мундијалот во Катар. Французите, на домашен терен, одиграа 1:1 со Украина. Во наредните денови Францусите ќе играат против Казахстан и Босна и Херцеговина.

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, најави дека ќе има промени во тимот за дуелот со Казахстан (28.март), се пожалил дека неговите играчи биле уморни, а Украинците играле премногу дефанзивно и го критикувал Килијан Мбапе.

„Ќе разговарам со него. Мбапе знае дека одигра лошо. Не беше во најдобра форма. Противникот се пролагоди на неговата игра, секогаш имаше тројца или четворица противници околу себе. Тактиката на Украина го сведе на минимум неговиот придонес во нашата игра. Сите треба да се трудиме Килијан да има повеќе простор на теренот“, рекол Дешам по натпревар со Украина.

Share
Scroll to Top