Зеленски: Европа ни испрати јасен сигнал, ја чекаме Америка

Зеленски: Армијата се повлече од Авдивка за да ги спаси животите на Украинците

пред 10 месеци

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска се повлекла од градот Авдивка за да ги спаси животите на Украинците.

„Одлука на професионалците беше да спасат што е можно повеќе животи на Украина“, рече Зеленски на безбедносната конференција во Минхен.

Тој предупреди дека недостатокот на оружје со кое се соочува Киев само го зајакнува рускиот претседател Путин.

„Не прашувајте ја Украина кога ќе заврши војната. Запрашајте се зошто Путин може да ја продолжи“, рече Зеленски.

Тој додаде дека смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во затвор е пораката на Путин до Западот за време на митингот во Минхен.

„Мораме да преземеме не нешто, туку сè за да го победиме Путин“, нагласи тој.

Украина се соочува со недостиг на муниција поради неуспехот на Конгресот да усвои резолуција за американската воена помош, соопшти Киев претходно.

Генералот Олександр Сирски, кој го презеде раководството на украинската војска рече дека украинските сили се вратиле на побезбедни позиции надвор од градот, кој пред војната имаше население од 32.000 луѓе.

Текстот Зеленски: Армијата се повлече од Авдивка за да ги спаси животите на Украинците е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top