Руските власти: Не учествувајте во протестите за Навални, не се договорени со надлежните

Портпаролката на Навални тврди: Неговото тело не е во мртовечницата

пред 11 месеци

Тимот на Алексеј Навални објави дека неговото тело не е во мртовечницата каде што надлежните рекле дека го чуваат.
.
Кира Џармиш, портпаролка на рускиот активист и политичар, рече дека мајката и адвокатот на Навални пристигнале во мртовечницата во Салехард, град во близина на затворот каде што тој одлежувал казна, но таа била затворена, пренесе „Би-би-си“.

Во објава, Џармиш вели дека и двајцата биле уверувани оти  неговото тело е таму од страна на казнената колонија.

„Адвокатот се јави на телефонскиот број на вратата. Му рекоа дека е седмиот што се јавил денеска. Телото на Алексеј не е во мртовечница“, рече таа.

На 16 февруари Федералниот оддел за поправни служби на автономниот округ Јамало-Ненец ја објави смртта на Алексеј Навални (47) во казнената колонија каде што ја издржуваше казната.

Според ова одделение, Навални по прошетката се чувствувал лошо и се онесвестил, медицинските службеници веднаш притрчале на помош на осуденикот и почнале со реанимација која траела повеќе од половина час.

Текстот Портпаролката на Навални тврди: Неговото тело не е во мртовечницата е превземен од МАКФАКС.