Кремљ: Русија е подготвена да соработува со секој претседател на САД избран од Американците

пред 3 години

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путнин, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е подготвена да соработува со новиот американски претседател, нагласувајќи дека соработката меѓу двете нации не влијае само на нив, туку и на целиот свет, пренесува „Спутник“.

„ Во секој случај се надеваме дека ќе воспоставиме дијалог со новиот претседател на САД и ќе се договориме за изнаоѓање начини за нормализирање на нашите билатерални односи“, рече Песков.

Минатата недела, американските медиуми го прогласија Џо Бајден за нов претседател, па сепак досега немаше официјално соопштение. Покрај тоа, кампањата на претседателот Доналд Трамп поднесе повеќе тужби, повикувајќи се на бројни прекршувања на гласањето во неколку држави што можеа да го променат резултатот од изборите.

Големите американски медиумски мрежи веќе го прогласија Бајден за победник, а голем број светски лидери и политичари веќе му честитаа на и на Бајден и на неговиот кандидат за потпретседател,Камала Харис.

Претседателот Трамп, пак, рече дека неговата кампања ќе почне да го докажува своето тврдење на суд. Според извештаите на Аксиос, тој планира да одржи серија митинзи во клучните држави за да ја продолжи борбата за пребројување на гласовите.

Share
Scroll to Top