(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ, Денвер го победи Голден стејт

(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ, Денвер го победи Голден стејт

пред 9 месеци

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Голден стејт Вориорс со 119:103, а Никола Јокиќ го забележа 18. трипл-дабл во сезоната, 124. во кариерата. Ова беше седми триумф во низа на Денвер во дуелите со Ворирос.

Јокиќ продолжи да игра во неверојатна форма по Ол-стар викендот, го запиша третиот трипл-дабл по ред.

Двократниот МВП на лигата натпреварот го заврши со 32 поени, 16 скока и 16 асистенции.

Јокиќ стана првиот кошаркар во историјата со најмалку 14 скока и 14 асистенции во три последователни натпревари. Исто така, Јокиќ е првиот кошаркар во историјата со 32/16/16 статистика и четири украдени топки.

Вориорс дадоа одличен отпор, гледавме вистинска кошарка во плејофот, но Нагетс сепак беа порасположени и заслужено ја забележаа 39. победа сезонава. Вориорс го претрпеа 27. пораз.

Во победничкиот тим, покрај Јокиќ, маестрален беше Џамал Мареј со 27 поени, Арон Гордон постигна 17, а Кентавијус Колдвел-Поуп 13 поени.

Кај Голден Стејт најефикасен беше Клеј Томпсон со 23 поени, сите ги постигна во првата четвртина, Стеф Кари постигна 20 поени (16 во второто полувреме), а Џонатан Куминга 19 поени.

Резултати:

Вашингтон – Кливленд 105:114
Атланта – Орландо 109:92
Хјустон – Оклахома 110:123
Њу Орлеанс – Чикаго 106:114
Јута – Сан Антонио 128:109
Портланд – Шарлот 80:93
ЛА Клиперс – Сакраменто 107:123
Филаделфија – Милвоки 98:119
Феникс – ЛА Лејкерс 123:113
Индијана – Далас 133:111.

Share
Scroll to Top