Пирло: Немам намера да отстапам од функцијата

Пирло: Немам намера да отстапам од функцијата

пред 3 години

Андреа Пирло, тренерот на Јувентус, по катастрофата против Милан (0:3), рекол дека нема намера да поднесе оставка на функцијата. Пирло ја прифатил одговорноста за поразот и најавил борба до крајот за место во Лигата на шампионите.

„Оставка? Не, нема да отстапам. Дојдов овде со голем ентузијазам и покрај бројните проблеми. Имаме уште три натпревари, ќе остана до крајот“, рекол Пирло и дополнил.

„Кога нешто не е како што треба, тогаш јас ја преземам одговорноста. Овој тим има одлични играчи и очигледно е дека нешто не е како што треба. Имам поинаков проект во мислите, верував дека ќе има поинаков тим. Работев на некои концепти, но морав да направам некои промени за да се прилагодам на нивните карактеристики“.

Јуве се петти на табелата во Серија А, со поен помалку од Наполи и два од Милан и Аталанта.

До крајот на сезоната Јувентус ќе играат против Сасуоло, Интер и Болоња.

Share
Scroll to Top