Десен бек од Тунис го засили Вардар

Десен бек од Тунис го засили Вардар

пред 5 месеци

Ракометниот клуб Вардар го донесе првото засилување во зимскиот преоден рок. Нов играч на црвено-црните е Мохамед Тарик Бакар (23). Вардар и Тунижанецот потшишаа 18.месечен договор.

Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и на поширокиот список на сениорскиот тим.

Бакар игра на позицијата десен бек, а ова ќе му биде прв ангажман во странство. Дисега настапувал во Тунис за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф.

Во моментов на позицијата десен бек во тимот настапува Томислав Јагуриновски.

Екипата на Вардар го освои првото место во групната фаза од првенството на Македонија и ќе тргне со три бода во плејофот.

Тимот веднаш после новогодишните празници ќе продолжи да се подготвува за пролетниот дел од сезоната, и своите тренинзи ќе ги одржува во Скопје.

Извршниот директор на РК Вардар, Борко Ристовски, најави дека покрај Бакар, клубот планира во зимскиот преоден рок да се засили со уште двајца играчи.

Share
Scroll to Top