Кавгата на Џуд Белингем со судијата по натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој заврши 2:2 во Ла Лига, може скапо да го чини англискиот репрезентативец.
Судијата Хил Манзано означи крај на натпреварот меѓу Валенсија и Реал во саботата, неколку секунди пред Белингам да го постигне гол со кој Реал Мадрид ќе дојдеше до победа.
Следеа жестоки протести, а Англичанецот беше најагресивен. За тоа судијата му додели директен црвен картон.
Овој тип на прекршок обично резултира со суспензија од минимум три натпревари. Се чека одлуката на дисциплинската комисија, а Реал веќе најави жалба, доколку не бидат задоволни од пресудата.