Во близина на училиштето во Белград каде што беше извршен масакрот осамна роденденска честитка за Вучиќ

Во близина на училиштето во Белград каде што беше извршен масакрот осамна роденденска честитка за Вучиќ

пред 11 месеци

Во близина на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ се појави графит со роденденска честитка до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

На ѕидот пишува – „Србија е вечна се додека нејзините деца се верни, среќен роденден“, пренесува Н1 Србија.

Буквите А и В обоени во црвено и сино јасно сигнализираат до кого е адресирана оваа порака.

Да потсетиме, основното училиште „Владислав Рибникар“ е училиштето во кое на 3 мај минатата година се случи масакрот во кој беа убиени девет ученици и училишниот чувар, по што целата земја беше во жалост.

Текстот Во близина на училиштето во Белград каде што беше извршен масакрот осамна роденденска честитка за Вучиќ е превземен од МАКФАКС.