Драматичен финиш на сезоната во Премиер лигата – Три тима во борба за титулата

Драматичен финиш на сезоната во Премиер лигата – Три тима во борба за титулата

пред 8 месеци

Драматичното реми меѓу Ливерпул и Манчестер сити во неделата на „Енфилд“ (1:1), ја направи борбата за шампионската титула во Премиер лигата крајно неизвесна.

Прв пат од 2014 година, на десет кола до крајот на сезоната, трите водечки екипи ги дели само еден бод.

Арсенал и Ливерпул го делат првото место со по 64 бодови, додека Сити е трет со 63. Голема е веројатноста шампионската трка да биде решена во последното коло.

Возбудувањата да бидат уште поголеми, се погрижи распоредот бидејќи трите водечки екипи нема да играат првенствени натпревари во наредните три недели, а потоа ќе следува пресметка на два конкуренти за титулата.

Следува „пауза“ во Премиер лигата, поради четвртфиналето од ФА Купот и репрезентативната пауза, а потоа Ливерпул ќе игра против Брајтон, а Сити на 31 март ќе го пречека Арсенал.

Тој меч може но не мора да реши многу работи, бидејќи сите три клуба имаат прилично тежок распоред до крајот.

Супер-компјутерот, според распоредот на трите тима до крајот на сезоната најмногу шанси за освојување на титулата му дава на актуелниот шампион Сити, 46 отсто. Втор фаворит е Ливерпул со 35%, додека на Арсенал му се даваат само 19% шанси.

„Топчиите“ во последните десет кола имаат шест дуели со екипи од горната половина на табелата, а на дури пет ќе гостуваат.

Сити и Ливерпул имаат по шест натпревари против екипи од горниот дом, но Сити ќе биде домаќин на четири, а Ливерпул на половина од тие средби.

Што се однесува до конкретните ривали, Арсенал по гостувањето кај Сити гостува и кај Брајтон, потоа кај локалниот ривал Тотенхем, а потоа кај кај Јунајтед, кој жестоко ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите. Не треба да се заборави дека Арсенал треба да го одигра одложениот натпревар со Челси.

Ливерпул исто така ќе гостува кај Јунајтед на „Олд Трафорд“, а покрај тоа го очекуваат гостувањата кај Фулам, Вест Хем и Астон Вила.

На хартија за Сити најтешките натпревари, покрај оној со Арсенал, требада бидат гостувањата кај Тотенхем и Брајтон.

Од формирањето на Премиер лигата, само три пати, два бода била разликата меѓу првите три тима. Тоа се случило во сезоните 1995/96, 2001/2002 и 2013/2014.

Share
Scroll to Top