Надал доби статуа на Ролан Гарос, па ги доби Ѓоковиќ и Федерер во ждрепката

Надал доби статуа на Ролан Гарос, па ги доби Ѓоковиќ и Федерер во ждрепката

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер се во иста половина од ждрепката за Ролан Гарос, што значи дека само еден од нив може да е потенцијален финалист на гренд слемот на земја, во историски момент – никогаш досега тројцата не биле во иста половина од ждрепка на гренд слем турнир.

13-кратниот шампион Надал е трет носител, иако вториот носител, Данил Медведев нема победено ниту еден меч на турнирот, и сега може да се сретне со Ѓоковиќ веќе во полуфиналето. Тие последен пат играа меѓу себе во финалето во Рим кога Надал победи со 7:5/1:6/6:3, а играа и во финалето на РГ минатата година, кога Надал победи во три сета.

Ѓоковиќ почнува против Тенис Сандгрен, додека Надал против Алексеј Попирин. Ѓоковиќ би се сретнал со Роџер Федерер (кој е осми носител) во четврт-финалето, но Швајцарецот по пауза од повеќе од една година има тешка препрека да го мине Марин Чилиќ веќе во второто коло.

По ждрепката, Надал доби вистинска чест од организаторите на турнирот, кои открија статуа од Шпанецот во Париз, заедно со авијатичарот Ролан Гарос, но и „четирите тениски мускетари“: Жан Боротра, Жак Бруњон, Анри Коше и Рене Лакост.

Автор на скулутпурата е Шпанецот Жорди Дијаз Фернандез и има височина од 3 метри и е изградена од челик.

Share
Scroll to Top