Бернардо Силва: Немавме среќа, требаше да дадеме уште голови

Бернардо Силва: Немавме среќа, требаше да дадеме уште голови

пред 2 години

Бернардо Силва, еден од четирите стрелци на Манчестер сити при фантастичната 4:3 победа над Реал Мадрид во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, вели дека биле многу подобри од својот противник и дека треба да жалат што не дале повеќе голови.

„Искрено мислам дека првите 20 минути бевме многу, многу добри. Начинот на кој вршевме пресинг, на кој ја контролиравме играта и правевме шанси… Мислам дека во овие 90 минути заслуживме да победиме со подобар резултат. За жал не ја задржавме предноста од два гола која ја имавме трипати. Ова е Лига на шампиони, игравме против еден од најдобрите тимови на светот. Подготвени сме за следниот меч. Нашите фанови треба да се горди на тоа што го направивме. Требаше да има повеќе голови, но тоа е фудбалот“, вели Португалецот.

„Атомско“ прво полуфинале на ЛШ! Манчестер сити-Реал 4:3!

Share
Scroll to Top