Камерун доби нов селектор

Камерун доби нов селектор

пред 8 месеци

Белгискиот стручњак Марк Брис е назначен за селектор на фудбалската репрезентација на Камерун, соопшти денеска Фудбалскиот сојуз на оваа африканска земја.

Како што беше најавено, Брис потпишал договор до јули 2026 година, односно до крајот на Светското првенство во Мексико, Канада и Соединетите Американски Држави.

Брис на клупата на Камерун го наследи Ригоберт Сонг, кој доби отказ по елиминацијата во осминафиналето на Африканскиот куп на нации пред два месеци.

Во својата богата тренерска кариера, Белгиецот водеше 15 клубови во својата татковина, Холандија и Саудиска Арабија.

Share
Scroll to Top