Чурлинов: Мора да ги средиме главите и да победиме против Гибралтар

Чурлинов: Мора да ги средиме главите и да победиме против Гибралтар

пред 2 години

Македонија загуби од Грузија со 0:3 и многу си ги намали шансите во трката за првата позиција во групата. До крајот остануваат уште три натпревари, а Грузијците во моментот имаат пет бода предност на врвот на табелата во групата од Лигата на нации.

Дарко Чурлинов вели дека Грузијците успеале да ги искористат грешките на Македонија.

„Имавме две – три грешки кои Грузија ги искористи во второто полувреме. Сега треба да ги средиме главите и да излеземе на терен да победиме против Гибралтар. Ни останува уште тој натпревар овој месец и сакаме да победиме. Против Грузијците ни недостигаше завршницата пред нивниот гол, на вакви натпревари мора да сме подобро фокусирани“, изјави Чурлинов.

Share
Scroll to Top