Лацио се самоуништија против Верона

Лацио се самоуништија против Верона

пред 3 години

Верона направи подвиг со победата над Лацио од 2.1, на Олимпискиот стадион во Рим. Лацио скапо ги плати грешките на фудбалерите од последниот ред во одбраната. Верона со овој триумф, го „скокна“ Лацио на табелата. Екипата на Иван Јуриќ на шестото место има 19 бодови, два повќе од Лацио кој се наоѓа на осмото место.

Лацио продолжи да игра по системот „топло-ладно“, во Серија А. Сопствените грешки им донесоа пораз во дуелот со Верона.

Најпрвин Лацари, во судиското надополнување на времето со постигна авто-гол, а во 67.минута катастрофалната рекација на Раду ја искористи Тамезе. Помеѓу првиот и вториот гол на верона, Каиседо израмни на 1:1 во 56.минута.

Во наредното коло Лацио гостува кај Беневенто, а Верона ќе ја пречека Сампдорија.

Share
Scroll to Top