Во просториите на Вишото јавно обвинителство ќе биде сослушана и мајката на Дејан и Далибор Драгијевиќ, осомничените за убиството и криењето на телото на исчезнатата Данка Илиќ (2) од Бањско Поље.
И покрај тоа што домот на Драгијевиќ е заклучен, полицаецот сè уште го обезбедува селото Злот.
Од четиричленото семејство останала само мајката Светлана, но и таа ја напуштила куќата, пренесуваат српските медиуми.
„Овде нема никој, жената ги спакува куферите и си замина, но не знаеме каде отиде, куќата е заклучена, во дворот нема никој, само полицаецот уште стои напред“, вели сосед.
Текстот Мајката на браќата Драгијевиќ оди на рочиште: нејзините синови се осомничени за убиство и криење на телото на исчезнатата Данка е превземен од МАКФАКС.