Филип Филиповиќ ќе се пензионира на крајот од сезоната

Филип Филиповиќ ќе се пензионира на крајот од сезоната

пред 8 месеци

Познатиот српски ватерполист Филип Филиповиќ изјави дека оваа сезона дефинитивно ќе стави точка на професионалната кариера.

Трофејниот ватерполист, кој освои се што може да се освои со Србија, пред две години во мај изјави дека сезоната 2022/23 ќе биде последна во неговата кариера.
Сепак, по една година помината во грчки Олимпијакос, со кого не успеа да го освои трофејот во Лигата на шампионите по елиминацијата во четвртфиналето, реши да го одложи крајот.

Сезонава настапува за Нови Београд, клуб кој ќе биде последен во неговата исклучителна кариера.

„Тоа е тоа. Дефинитивно. Минатата година бев навистина подготвен да се пензионирам, но не на начин како што заврши сезоната, дефинитивно. Можеби, беше предодредено да се да заврши онаму каде што започна. Во мојата земја, во мојот дом. Жал ми е што не се случи можеби во Партизан, но дефинитивно тоа е последниот танц што се однесува до клупската кариера “, рече Филиповиќ во подкастот на „Алесто“.

Покрај името на Филип Филиповиќ пишува дека тој е најтрофејниот српски ватерполист со дури 35 освоени медали на најголемите натпреварувања, од кои 26 се златни.

Три пати беше прогласуван за најдобар ватерполист во светот, има и пет награди како најдобар во Европа, додека двапати беше спортист на годината во изборот на Олимпискиот комитет на Србија.

Кариерата во репрезентацијата ја започна на 16 години, а од 2003 до 2021 година одигра вкупно 381 натпревар и постигна 677 голови.

Тој се прости од репрезентацијата летото 2021 година, по финалето на Олимписките игри во Токио.

Share
Scroll to Top