Тројца загинати во хидроцентрала во Италија: експлозијата се случила на 30 метри под вода, отежната е потрагата по исчезнатите

Тројца загинати во хидроцентрала во Италија: експлозијата се случила на 30 метри под вода, отежната е потрагата по исчезнатите

пред 6 месеци

Експлозијата се случила попладнево во италијанската хидроцентрала лоцирана на 30 метри под езерото, а како што пренесуваат медиумите во несреќата загинале три лица.

Експлозијата се случила во подземниот кат на електраната Барги, кога три лица загинале, додека шест лица се водат како исчезнати.

Потрагата по исчезнатите е во тек. Пожарникари и карабинери пристигнале на местото на настанот заедно со локалната полиција и брзата помош.

Како што информира командирот на противпожарната единица во Болоња, просториите на електраната се поплавени и има многу чад.

Градоначалникот на градот Камуњано, на кој му припаѓа хидроцентралата, објасни дека целата хидроцентрала се наоѓа под нивото на езерото, на длабочина од околу 30 метри.

Противпожарната бригада се обидува да дојде до местото на инцидентот, но имаат потешкотии“, изјави градоначалникот Марко Масинара.

Браната Сувиана на Болоњските Апенини не е зафатена од несреќата, пишува италијанскиот Il Resto del Carlino.

Текстот Тројца загинати во хидроцентрала во Италија: експлозијата се случила на 30 метри под вода, отежната е потрагата по исчезнатите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top