Грција ги укина хартиените билети за фудбалските натпревари

Грција ги укина хартиените билети за фудбалските натпревари

пред 6 месеци

Грчките власти воведоа забрана за употреба на хартиени билети за фудбалски натпревари како дел од напорите за спречување на насилството на фудбалските терени.

Според новите правила, на навивачите ќе им биде дозволено да влегуваат на стадионите користејќи „QR“ кодови издадени од владата на нивните мобилни телефони.

Речиси два месеци, стадионите во Грција беа затворени за навивачите по смртта на полицаец кој беше погоден со факел за време на навивачките немири во Атина во декември.

Навивачите ќе мора да купуваат билети преку интернет и да го потврдат купувањето со помош на владина апликација што се користи за плаќање даноци и за пристап до онлајн владините услуги.

Министерот за дигитално управување, Димитрис Папастрегиу, рече дека фазата на целосно укинување на хартиените билети ќе трае еден месец. Исклучок, рече, ќе бидат малолетниците.

„Целта е и ослободување на грчката полиција од потребата да се обезбедат стотици полицајци за секој натпревар. Помошта на полицијата нема да биде потребна на влезовите на стадионите“, изјави Папастреигу.

Министерот рече дека 10.000 од сегашните 80.000 сопственици на сезонски билети веќе се префрлени на новиот електронски систем.

Share
Scroll to Top