АС: Започна битката на Реал и Ливерпул која може да ја смени фудбалската историја

АС: Започна битката на Реал и Ливерпул која може да ја смени фудбалската историја

пред 3 години

Реал и Ливерпул ја започнале борбата која може да ја смени фудбалската историја, пишува во своето денешно издание „АС“. Весникот потенцира дека клубовите ја започнале трката за потписот на Килијан Мбапе.

Претседателот и тренерот на Реал, Флорентино Перез и Зинедин Зидан, никогаш не криеле дека голема желба им е да го видат Мбапе во дресот на Реал. Според „АС“, иста желба има и Ливерпул.

„Црвените“, во овој момент ја немаат финансиската моќ која ја има Реал, во трката за Мбапе, но имаат силен адут во рацете со чија помош би го обезбедиле Мбапе.

Ливерпул и Јирген Клоп, биле подготвени да го жртвуваат Мохамед Салах. Најдобриот играч и стрелец на Ливерпул е незадоволен од се она што му се случува на тимот оваа сезона, а според англиските медиуми тој е виновен за лошата атмосфера во соблекувалната на „црвените“.

Идеално сценарио за Ливерпул би било, кога од Реал би добиле 100 милиони евра за Салах. Со тие пари и плус 50 или 60 милиони евра тие би можеле да го платата трансферот на Мбапе.

Покрај тоа заминувањето на Салах би отворил простор и во буџетот за плати. Египѓанецот годишно заработува 12 милиони евра, а во Ливерпул се сигурни дека ќе треба да додадат уште осум за да ги задоволат финансиските барања на Мбапе.

„АС“, пишува дека никој не може да гарантира дека планот на Ливерпул може да се оствари. Можно е Реал да тргне по Мбапе, односно да се откажат од Салах. Во тој случај Ливерпул ќе има проблем да најде клуб кој ќе исполни нивните финансиски барања за трансферот на Египќанецот.

Share
Scroll to Top