Стојне Николова е една од ретките за која може да се каже дека е комплетна пејачка, кога е во прашање овој вид на уметност. Пејачка која зад себе освен авторски песни, има и преработки на традиционални македонски песни.
Во својата кариера ниже хит по хит, а вчеравечер ја оправда довербата на публиката и го објави своето најново музичко парче кое го носи насловот „Лоша“. Песна за која сними модерен, провокативен, но и прилично скап видео запис.
Атрактивната пејачка во видео записот се појавува во неколку провокативни изданија што зрачат со сексапил.
„Лоша“ е модерен фолк кој веднаш влегува во уво, нешто поразлично од досегашните песни, новата нумера ја воодушеви публиката, а доказ за тоа е и големиот број на позитивни коментари од страна на публикатa.
И на овој проект, Стојне работеше со веќе проверен тим. Текстот е на Борчe Димитров, музиката, аранжманот и режијата се на Бобан Мојсовски, аудио продукција – Студио Анастасија и видео продукција – Артистик Филмс.
Стојне Николова со полна пареа работи на својата кариера и како што вели и самата, ужива во истото. Ова е само мал дел од сето она што следува во иднина од нејзе, а додека ги чекаме новите материјали од неа, уживајте во „Лоша“.