Израел: Не напаѓаат од седум фронта, само на еден не возвративме

Израел одобри оперативни планови и за офанзивна и за одбранбена акција

пред 9 месеци

Обраќајќи им се на медиумите на англиски, портпаролот на израелската војска рече дека плановите и за офанзивна и за одбранбена акција се одобрени по синоќешниот напад од Иран.

Контраадмиралот Даниел Хагари вели: „Во последните два часа одобривме оперативни планови и за офанзивна и за одбранбена акција“.

„Ќе продолжиме да ја штитиме државата Израел и заедно со нашите партнери ќе продолжиме да градиме посигурна и стабилна иднина за целиот Блиски Исток“.

Портпаролот на ИДФ не даде дополнителни детали за тоа какви планови се одобрени, по состанокот на воениот кабинет на Израел во последните два часа.

Текстот Израел одобри оперативни планови и за офанзивна и за одбранбена акција е превземен од МАКФАКС.