Кевин Де Брујне, „мозокот“ на Манчестер Сити е најдобриот офанзивен играч за врска во Премиер лигата, смета поранешниот англиски репрезентативец и поранешен играч на Вест Хем, Челзи и Ливерпул, Џо Кол.
Според Кол, Де Брујне не е најдобар само во оваа ера, туку и воопшто, подобар дури и од големите англиски ѕвезди и легенди на Челзи, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Тој е главниот кум меѓу офанзивните играчи од средниот ред во светскиот фудбал. И понатаму мислам дека тој е најдобар во моментов. Кевин Де Брујне е над секој играч од средниот ред во историјата на Премиер лигата. Навистина го мислам тоа. Тука ги вклучувам Френк Лампард, Пол Сколс, Стивен Џерард и сите останати“, изјави Џо Кол и предизвика мал земјотрес меѓу навивачите на овие клубови.
Нема потреба да се споменува што значи Френк Лампард за навивачите на Челзи, колку е ценет Пол Сколс на „Олд Трафорд“ и каква икона е Стивен Џерард на „Енфилд“.
Тешко е да се каже дали Кевин Де Брујн е најдобриот на сите времиња, но неговите настапи во дресот на Манчестер Сити се потврда дека тој секако е еден од најголемите.