Пет гола и победа на ВБА кај Вулверхемптон

Пет гола и победа на ВБА кај Вулверхемптон

пред 3 години

Фудбалерите на ВБА, како гости, во локалното дерби, го победија Вулверхемптон со 3:2. Ова беше деби триумф за Сем Алердајс на клупата на ВБА. Тимот од Бирмингем ја забележа втората победа во сезоната, додека Вулверхемптон немаат триумф во Премиер лигата на последните шест натпревари.

Натпреварот со два пресврти, во првиот дел го обележа играчот на Вулверхемптон, Вили Боли. 29-годишникот направи пенал врз Робинсон, кој го реализираше Матеус Переира во осмата минута, потоа во 38 му асистираше на Фабио Силва за 1:1, а самиот постигна гол пет минути подоцна со што го комплетираше пресвртот.

Во вториот дел, ВБА, одговори на ист начин, најпрвин Аџаји постигна убав гол со глава во 52.минута, а шест минути подоцна Матеус Переира успешно реализираше уште еден пенал.

ВБА и покрај триумфот останаа на претпоследното место на табелата, сега имаат 11 поени, додека Вулверхемптон се на 14 место со 22 бода.

Share
Scroll to Top