Словачкиот премиер повторно опериран: последните информации за состојбата на Роберт Фицо два дена по атентатот

Роберт Фицо е свесен и комуникативен, соопштија неговите лекари

пред 2 години

Словачкиот премиер Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.

„Истовремено, се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје“, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот закрепнува по атентатот, пренесува „Ројтерс“.

Вицепремиерот Роберт Калинак во неделата изјави дека премиерот е надвор од животна опасност, иако сè уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава.

Текстот Роберт Фицо е свесен и комуникативен, соопштија неговите лекари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top