(Oд миниута во минута) Најмалку 70 украински војници загинаа, голем руски конвој се доближува до Киев

пред 2 години

Шести ден на руската инвазија на Украина.

Вчера на белоруската граница почна првата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација, а договорено е тие да продолжат на границата меѓу Полска и Украина. Деталите од преговорите не се познати. Додека почнуваа преговорите, траеше рускиот напад на Харков, во кој, како што рече градоначалникот на тој град, загинаа девет цивили, меѓу кои три деца.

Клучни настани:

Голем руски конвој, кој сега е долг околу 64 километри, се приближува до Киев
Нови битки беа снимени на периферијата на Киев, во текот на ноќта нападнат и Херсон
Меѓународниот кривичен суд во Хаг најави дека ќе испита дали има воени злосторства во руската инвазија
Русија жестоко го нападна Харков во понеделникот, при што загинаа девет цивили
Одржана е првата рунда преговори меѓу Русија и Украина
Украинскиот претседател Зелински побара Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност поради воени злосторства
Руското нуклеарно оружје е ставено во целосна готовност
Русија е исфрлена од Светското првенство, руските клубови се исфрлени од натпреварувањето на УЕФА

Најновите вести од минута во минута:

08:28 Пoлска: Околу 350.000 луѓе влегоа во земјата од почетокот на инвазијата

Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска утринава изјави дека околу 350.000 луѓе од Украина влегле во Полска од почетокот на руската инвазија на Украина минатата недела.

08:25 Украина потврди: Најмалку 70 украински војници загинаа во напад на воена база

Украинските власти потврдија дека најмалку 70 војници загинале во руски ракетен напад врз нивната воена база.

Нападот се случи синоќа во Охтирка, во регионот Суми, кој во моментов е под опсада на руските сили.

Утрово спасувачите и итните служби се уште вршат увид на урнатините обидувајќи се да најдат преживеани.

Украинскиот парламент им оддаде почит на војниците преку твит и напиша дека војниците биле убиени од проектили од градот. Вечна слава на хероите на Украина“, напиша парламентот на Твитер.

08: 22 Северна Кореја: САД се виновни за руската инвазија ВО Украина

Северна Кореја ги обвини „американските и западните политики на хегемонија“ за руската инвазија на Украина во соопштението објавено од портпаролот на Министерството за надворешни работи.

„Основната причина за украинската криза целосно лежи во хегемонистичката политика на САД и Западот, кои се впуштаат во грубост и самоволие кон другите земји“, рече портпаролот.

08:20 Украинскиот амбасадор: Ова е крај на теророт и окупацијата на претседателот на безбедносниот совет 

Украинскиот амбасадор во ОН Сергеј Кислица го поздрави крајот на руското претседателство со Советот за безбедност на ОН. Руското претседателство траеше во февруари како дел од редовна ротација, па рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензија до полноќ беше претседател на Советот.

Непосредно пред полноќ, Кислица на Твитер напиша: „Се радувам на полноќ, кога ќе заврши ова злосторство, окупацијата на функцијата претседател на Советот“.

Овластувањата на Советот за безбедност на ОН вклучуваат воспоставување мировни операции, наметнување меѓународни санкции и одобрување воени дејствија.

08:13 Повеќе од 70 украински војници убиени во напад на воена база

Повеќе од 70 украински војници загинаа откако руската армија со проектили ја погоди воената база во Охтирка, град меѓу Харков и Киев, напиша шефот на регионот на „Телеграм“.

Дмитро Живицкиј објави фотографии од јагленисани остатоци од четирикатница и спасувачи кои ги пребаруваат урнатините. Во подоцнежната објава на Фејсбук, тој рече дека многу руски војници и некои локални жители исто така биле убиени за време на борбите во неделата, што досега не е независно потврдено.

08: 13 Напад на Херсон

Украинската државна информативна служба соопшти дека почнал напад врз јужниот украински град Херсон.

Најмалку 11 лица загинаа, а десетици беа повредени во нападите на Харков во понеделникот. Уништени се 87 станбени објекти.

08:11 Огромен руски конвој долд 64 километри до Киев

Според сателитски снимки, руските војници напредувале кон главниот град. Рускиот воен конвој кој се движи кон Киев сега е долг речиси 64 километри.

Ова го покажуваат снимките на американската сателитска компанија Maxar. Конвојот се приближува до главниот град Киев, кој се уште е под контрола на украинската влада.

Ситуацијата околу Киев се уште е тензична, соопшти на Фејсбук штабот на украинската војска.

Share
Scroll to Top