Американците мора да си заминат на време, порача талибански лидер

пред 3 години

Талибанскиот лидер Мохамед Наим рече дека нивната главна цел е мирно да ги решат сите проблеми, но дека Американците мора да го напуштат теренот на време.

“Талибанците објавија општа амнестија за владините претставници во Авганистан. Тоа е еден од чекорите. Ние исто така водиме мирен дијалог за решавање на проблемите што постоеја порано. Преговаравме со американските власти и постигнавме договор што светот го гледа денес”, рече тој, во интервју за руски агенции.

“Постигнавме договор странската армија да ја напушти нашата земја. Нашите главни цели и први чекори се дијалог и мирно решение на секој проблем. Таквата политика беше успешна. Мирниот процес доведе до тоа луѓето сега да бидат обединети”, додаде Наим.

На прашањето како ја оценува одлуката на САД за поместување на датумот за повлекување на армијата, Наим вели дека Талибанците не очекувале да се помести датумот за конечното повлекување од Авганистан.

“Не го прифаќаме тоа. Беше одреден датум 21-ви. Датумот беше договорен со САД и поддржан од Советот за безбедност на Обединетите нации. Сепак, САД еднострано го поместија датумот и ние категорично не го поддржуваме. Мораат да го исполнат рокот. Земјата се промени за 100 проценти и не е во нивен интерес да останат тука. Мораат да си заминат навреме, за да нема нови проблеми”, посочи тој.

Share
Scroll to Top