Кина со критика до САД за ограничување на увозот од Ксинџијанг

пред 2 години

Кинеската влада денеска го осуди американскиот закон со кој се ограничува увозот од кинескиот регион Ксинџијанг нарекувајќи го кршење на меѓународното право.

Во исто време, официјален Пекинг ги нарече лажни поплаките за злоупотреба на муслиманските малцинства во неговиот северозападен регион.

Кинеските државни медиуми ги критикуваа странските брендови за обувки и облека, кои изразуваат загриженост за Ксинџијанг, и повикаа на бојкот на нивната стока.

Share
Scroll to Top