Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

пред 4 месеци

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитирјевиќ, кариерата ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

Италијанските медиуми тврдат дека трансферот на МВП во ВТБ лигата во редовите на „манекените“ е чиста формалност.

Димитријевиќ и минатата и оваа сезона се поврзуваше со белградски Партизан.

Во втората сезона со Уникс има просек од 19 поени, 6,6 асистенции, 3,6 скока, 1,3 украдени топки и ја освои наградата за најкорисен играч на лигашкиот дел од сезоната на руската ВТБ лига.

Во првата сезона ја освои титулата во ВТБ лигата и беше прогласен за МВП на финалната серија.

Димитријевиќ со Олимпија договорил двегодишна соработка.

Пред Уникс и Валенсија, тој играше за Хувентуд, каде ја започна својата сениорска кариера.

Share
Scroll to Top